Проектот „Чувар на правдата за потрошувачите: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и медиумите за мониторинг, промоција и застапување на заштитата на потрошувачите во Северна Македонија“ (Watchdog of Consumer Justice: Strengthening Capacities of CSOs and Media to Monitor, Promote and Advocate for Consumer Protection in North Macedonia), го спроведува Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје во периодот декември 2019 – декември 2020 година.
Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и медиумите за подобро следење и известување за постапките за решавање на потрошувачки спорови. Проектот особено е насочен кон постапувањето на различните регулаторни тела и агенции, како и инспекциски органи, при разрешување на спорови на потрошувачи.
Во рамките на проектот ИСИЕ се подготвени односно ќе бидат подготвени повеќе инструменти насочени кон поттикнување на интересот на граѓанските организации и медиуми за заштитата на правата на потрошувачите во нашата земја вклучувајќи: (1) извештај од мониторингот на седум регулаторни тела (достапен на македонски и албански јазик); (2) документ за креирање на политики (достапен на македонски, албански и англиски јазик); (3) мобилна апликација (достапна на македонски и албански јазик); (5) пет водичи за подобрување на информираноста на граѓаните (достапни на македонски и албански јазик); (6) организирани 8 обуки за заштита на потрошувачите во секој плански регион на нашата земја со вкупно 152 учесници; (7) база на експерти како и (8) овој вебсајт.
Овој проект се спроведува со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој има за цел да го зајакне капацитетот на Република Северна Македонија за интеграција во Европската Унија, а исто така да го помогне и вклучувањето на граѓанските организации и медиумите во текот на сите фази на пристапниот процес. На локално ниво, проектот ќе придонесе за порамномерен општествено-економски развој преку унапредување на локалната инфраструктура на помалку развиените општини и поддршка за нови вработувања.